Браво за капитенот: Мегваер бара од соиграчите да донираат 30% од своите плати

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер, покрена иницијатива и бара од соиграчите да донираат по 30% од своите плати за локалните болници во Манчестер. Средствата најверојатно ќе се наменат за набавување опрема за лекарите и болничарите со цел да се помогне на првата борбена линија во битката против Коронавирусот.

Целиот тим на Јунајтед наводно се согласил да ја поддржи идејата на Мегваер, кој пак веќе разговарал со потпрестедателот Ед Вудвард за да се реализира иницијативата.

Инаку Црвените ѓаволи се меѓу најбогатите спортски колективи во светот и засега не се размислува за скратување на платите, но затоа играчите сами одлучија да придонесат за што побрзо да се стави крај на пандемијата со опасниот вирус.

- Оглас -

Најнови вести