Браво за Романија- Ја декласираа Албанија со 3:0 и им помогнаа на македонските Спартанци за пласман на фајналфор

Македонските одбојкари ќе играат во завршницата на Сребрената лига на Европа, откако денеска Романија ја победи Албанија со 3:0 и ни помогна да учествуваме на Ф4 турнирот.

Ни требаше победа на Романците со 3:0, или 3:1, тие ја остварија, а ние ги претркавме Албанците на сет-разлика и сме пред нив, иако имаме ист број на бодови по 10, аа и двапати загубивме од нив.

Романија е прва во групата со 13 бода, а со нив и Македонија на Ф4 турнирот ќе играат и Финска и Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести