Шпанија и Германија ја предводат мундијалската група на смртта, Србија пак падна со Бразил и Швајцарија (Фото)

Шпанија и Германија паднаа меѓусебе во Е групата на ждрепката во Катар за Мундијалот во ноември и декември и заедно со Јапонија и Костарика, или Нов Зеланд, кои ќе играат финален бараж ја сочинуваат групата на смртта.

Германија има 4 светски круни, а Шпанија има една титула на Мундијалите, па нивната битка ќе биде најинтересна.

Во Катар денеска се случи чудо, а Бразил, Швајцарија и Србија повторно се во иста група, како и на претходниот Мундијал во Русија во 2018 година. Им се приклучи и Камерун во една од најинтересните и најтешки групи на Светското првенство во Катар.

Интересна е и групата Ф каде копјата ќе ги вкрстат Белгија, Хрватска, Мароко и Канада.

Еве го составот на сите 8 групи со по 4 репрезентации:

Група А: Катар, Холандија, Сенегал, Еквадор.

Група Б: Англија, САД, Иран, Велс или Шкотска/Украина.

Група Ц: Аргентина, Мексико, Полска, Саудиска Арабија.

Група Д: Франција, Данска, Тунис, ОАР/Австралија или Перу

Група Е: Шпанија, Германија, Јапонија, Костарика/Нов Зеланд.

Група Ф: Белгија, Хрватска, Мароко, Канада.

Група Г: Бразил, Швајцарија, Србија, Камерун.

Група Х: Португалија, Уругвај, Јужна Кореа, Гана.

 

- Оглас -

Најнови вести