Бразил беше очаен на Копа Америка, ама селекторот останува на својата позиција

Бразилската фудбалска конфедерација нема намера да го смени селекторот Доривал жуниор од фукнцијата и покрај очајниот настап на Копа Америка. Кариоките беа елиминирани во четвртфиналето од Уругвај. По 90 минути беше 0:0, а на пенали, Уругвај беше подобар со 4:2.

Освен слабиот настап во четвртфиналето, Бразил и во групната фаза не се прослави, па во три дуели имаше само една победа (против Парагвај 4:1) и две реми (против Костарика 0:0 и против Колумбија 1:1).

Доривал жуниор беше назначен за селектор во јануари оваа година и ќе го води тимот и во квалификациите за СП 2026.

„Целта на нашиот настап на Копа Америка беше обновување на тимот. Ова беше важен период кој селекторот и играчите го поминаа заедно. Селекторот имаше доволно време да се запознае со екипата. За два месеци ќе продолжат квалификациите за СП 2026 и нашата цел е да продолжиме да работиме и да бидеме уште посилни. На Копа Америка сеа имаше екипи кои се во понапредна фаза од нас, а тоа се Аргентина, Уругвај, Колумбија“, рече претседателот на бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригес.

Во полуфиналето на Копа Америка ќе играат Аргентина против Канада и Уругвај – Колумбија.

- Оглас -

Најнови вести