Бразил гази, Аргентина во 95-тата минута остана без победа (Видео)

Бразил беше подобар од Парагвај и како гостин славеше со 2-0, па сега Кариоките во квалификациите за Мундијалот во 2022 година имаат 6 победи во 6 кола. Нејмар и Пакета беа стрелци на головите.

Многу поинтересно беше во Баранкилја, каде што домашната Колумбија во првите седум минути прими два гола од Аргентина, но успеа да извлече бод откако Мигел Борха даде гол за конечни 2-2 во петтата минута од судиското продолжение.

Пери конечно се разбуди и дури во шестото коло дојде до првата победа, а нерешено завршија дуелите Венецуела – Уругвај (0-0) и Чиле – Боливија (1-1). За четири дена почнува Копа Америка, натпреварување на кое дефинитивно домаќинот Бразил ќе биде прв фаворит.

Погледнете ги головите и најинтересните моменти од дербито Колумбија – Аргентина:

https://www.youtube.com/watch?v=wX0YFFlqs0M

- Оглас -

Најнови вести