Бразил ги најавува следните натпревари со фотографија од Винисиус, а тој воопшто и не е повикан (Фото)

Репрезентацијата на Бразил во септември ќе одигра квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство, против Чиле на домашен терен и Боливија на гости.

Селекторот на „кариоките“, Карло Анчелоти, се одлучи да не го повика Винисиус, бидејќи тој е суспендиран за мечот со Чиле, но и да го поштеди од гостувањето против Боливија, кое се игра на голема надморска височина.

Сепак, тоа не беше пречка за администраторите на социјалните мрежи на Фудбалскиот сојуз на Бразил да ги најават следните натпревари со фотографија токму од Винисиус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести