Бразил го објави составот за Копа Америка: Многу изненадувања, дел од ѕвездите изоставени (Фото)

Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Доривал Жуниор, на шест недели пред почетокот на Копа Америка го објави списокот со фудбалери за првенството на Јужна Америка. Повикани се 23 фудбалери, има многу изненадувања, но и дел од ѕвездите се изоставени, иако според правилата на турнирот, списокот може да се менува се до последниот ден пред првиот натпревар.

Нејмар нема да настапи поради повреда, а повик нема ниту за Ричарлисон од Тотенхем, Касемиро од Манчестер јунајтед, Габриел Жесус од Арсенал и Бремер од Јувентус. Но затоа повикани се 17-годишниот Ендрик, Андреас Переира од Фулам, Жоао Гомес од Вулверхемптон, Еванилсон од Порто и Савио од Жирона.

Бразил во групната фаза е во група со Костарика, Парагвај и Колумбија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести