11.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Бразил и Шпанија ќе победат, Македонија ќе ја постигне целта во Кардиф, а Белгија ќе го „растури“ Лихтенштајн (Фото)

6842 Велс – Македонија (20:45)

Македонија вечерва во Кардиф посакува барем бод, со кој ќе го задржиме второто место во групата, а нема зошто да не веруваме дека ќе биде така. Нашите фудбалери како да се специјализираа за нерешени, па последните три натпревари завршија без победник. Ремизиравме против Летонија (0-0), против Казахстан (1-1) и против Белгија (0-0). Ако ги погледнеме само квалификациските натпревари, тогаш Македонија одигра нерешено на четири од последните шест дуели.

Предлог тип: Х (3.50)

 

6798 Македонија У21 – Полска У21 (17:00)

Младинците имаат тежок противник во квалификациите за Европското првенство, па во Битола ја пречекуваат Полска, селекција која има максимални пет победи на петте досегашни натпревари. Македонија на последниот меч загуби од Шведска со 1-4, додека Полска славеше со 2-1 над Италија, па јасно е дека головите ќе бидат неизбежен декор на „Петар Милошевски“ во Битола.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.78)

 

6826 Бразил – Тунис (20:30)

Бразил по победата над Сенегал во Лондон, вечерва ќе одигра уште еден контролен дуел против селекција од Африка. Дуелот против Тунис ќе се одигра во Франција, поточно во Лил, а јасно е дека избраниците на Карло Анчелоти се големи фаворити и сè освен лесна и убедлива победа ќе биде големо изненадување.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.60)

 

6784 Шпанија – Турција (20:45)

Шпанија има максимални пет победи на пет меча во квалификациите за пласман на Мундијалот, а нема сомнеж дека европскиот шампион ќе сака да биде перфектен на крајот од циклусот. За тоа ќе им биде потребна победа над Турција во Севиља, а ако се знае дека на гости против денешниот противник славеа со 0-6, тогаш јасно е дека Црвената фурија е апсолутен фаворит и на овој меч.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.00)

 

6791 Белгија – Лихтенштајн (20:45)

Иако постојат шанси Македонија и директно да се пласира на Мундијалот, сепак за такво нешто потребно е Белгија да загуби пред својата публика од Лихтенштајн, нешто што реално не е можно. Белгијците кикснаа на два од последните три меча и одиграа нерешено против Македонија и против Казахстан, па сметката за овие неуспеси ќе ја плати Лихтенштајн, една од најслабите европски селекции.

Предлог тип: 7+ (2.20)

- Оглас -

Најнови вести