Репрезентацијата на САД дојде до уште една лесна победа задржувајќи го перфектниот учинок и во втората фаза на Мундобаскетот. Бразил се обиде да му парира на светскиот првак, но на крајот Кариоките претрпеа тежок пораз со конечни 89:73. Со овој дуел се одредија сите четвртфинални парови, а возбудувањата во нокаут фазата стратуваат уште утре со дуелите Аргентина – Србија (13ч) и Шпанија – Полска (15ч).
Сè додека селекторот на Бразил Ацо Петровиќ, беше покрај аут-линијата, неговите кошаркари го држеа отворен резултатот, а откако Хрватот заработи исклучување по три минути во втората четвртината, јасно беше дека САД ќе го искористи тоа.
Американците првпат до двоцифрена предност стигнаа кон крајот на третата делница, а со одличната серија од 16-6 на стартот од последните 10 минути го најавија дебаклот на Бразил.
Вокер и Тарнер со по 16 поени беа најефикасни во составот на САД, кај Бразилците најрасположен беше Бените со 21 поен.
Четвртфинални парови:
Аргентина – Србија
Шпанија – Полска
САД – Франција
Австралија – Чешка