21.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Бразил има ново „чудо од дете“: Неговиот славен татко „лежи“ во затвор, а тој учи од Нејмар (Видео)

Бразил е земја која е непресушен извор на фудбалски таленти. Една од најголемите нови надежи на бразилскиот фудбал е 17-годишниот Робсон јуниор. Се работи за тинејџер кој е син на прославениот Робињо, екс фудбалер кој „заглави“ во затвор поради силување.

Робињо е осуден на девет години затворска казна и додека тој „лежи“ зад решетки, неговиот син граби кон фудбалските височини. Робсон јуниор потекнува од школата на Сантос, клуб во кој сега има шанси да работи и тренира заедно со капитенот на бразилската репрезентација Нејмар.

Пред 15-тина години, Нејмар заедно Робињо беа дел од бразилската репрезентација, а сега Нејмар му ги открива фудбалските тајни на синот на Робињо.

 

- Оглас -

Најнови вести