Бразил ја победи Аргентина и е нов светски шампион во футсал (Видео)

Футсал репрезентацијата на Бразил е нов светски првак, откако триумфираше на Мундијалот кој денеска заврши во Узбекистан. Во големото финале, Кариоките со 2:1 славеа над големиот ривал Аргентина и шести пат е планетарен шампион.

Бразилците кои беа фаворити пред финалето, поведоа со 1:0 со голот на Ферао по асистенција на Марсенија во шестата минута.

Во 13 минута Бразил поведе со 2:0 благодарение на голот на Рафаел дос Сантос. Аргентина во второто полувреме тргна со сите сили во напад, Гаучосите играа со голман-играч и постигнаа гол за 2:1, но немаа сили да израмнат, па трофејот за светски првак заврши кај Бразилците.

Денеска се одигра и мечот за третото место, а Украина беше убедлива и со 7:1 ја победи Франција. До 15 минути пред крајот Украина водеше само со 2:1, а потоа следуваше гол-шоу и сосема заслужено Украинците се радуваа на бронзениот медал.

- Оглас -

Најнови вести