Бразил ќе го прекине постот на Копа Америка кој трае 12 години

Денес е денот кога ќе треба да се погодат трите финалиња за да се дојде до добивка во Sport Life обложувалници.

Бразил – Чиле (22 часот – Копа Америка, финале)

Кариоките на свое тло се фаворити во пресрет на финалето против Перу. Бразил вечерва ќе се обиде да го прекине дванаесетгодишниот пост на јужноамериканскиот шампионат, целта на избраниците на Тите е да се освои деветтата титула на Копа Америка.

Против Перу веќе играа, во мечот од групите Бразил триумфираше со високи 5-0, а патот до финалето го поминаа без да примат гол. Иако се без најголемата ѕвезда Нејмар, Кариоките досега немаа поголеми проблеми, освен во четвртфиналниот меч против Парагвај кој го добија по изведување на пенали.

Што се однесува за Перу, тие чекаат титула на Копа Америка од далечната 1975 година, тогаш за последен пат играа финале, а ќе се обидат по третпат да бидат континентални шампиони.

Предлог тип: T1 1+I & T12+ (2.05)

 

Мексико – САД (03 часот – Голд куп, финале)

Во битката за круната на Централна и Северна Америка, ќе се борат двете најтрофејни селекции во ова натпреварување. Иако се бранители на трофејот, Американците пред домашната публика се аутсајдери во дуелот против Мексико. САД и Мексико по шести пат ќе се сретнат во финалето од Голд купот, а во претходните пет средби Мексиканците четири пати го освојувале трофејот, на Американците им успеа само еднаш.

Влогот дополнително е поголем кога се бројат титулите. Ако САД го одбрани пехарот, ќе се изедначи со Мексико на седум титули, а во спротивно сценарио Мексиканците ќе имаат две повеќе од нивниот најголем ривал.

Гледајќи ги последните пет меѓусебни средби, во прилог на Мексико е фактот што тие се подобри кога играат во рамки од било кое натпреварување, додека САД се радува само на пријателски средби. Последното финале меѓу овие две селекции кое се одигра во 2011 година припадна на Мексико со 4-2.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.38)

 

САД – Холандија (17 часот – Светско првенство жени, финале)

Бранителките на светската титула се апсолутни фаворити во дуелот против европскиот првак. Репрезентативките на САД имаат големо искуство во женскиот Мундијал кој претходно го освојуваа трипати, а денеска ќе играат за рекордна четврта титула.

Лалињата дебитираат во финалето на светкиот фудбал, но тие имаат искуство во освојување на пехар од ЕП за жени во 2017 година, кога беа крунисани за континентални шампионки. Двете селекции до финалето стигнаа без пораз, Американките се перфектни со шест поселдователни победи, додека Холандија се пласираше во финалето по победата на продолженија против Шведска.

Досега САД и Холандија одиграа два меча меѓусебе, а и двете пријателски контролки ги добија Американките со идентични 3-1.

Предлог тип: 1X & 3+ (2.10)

 

Алжир – Гвинеја (21 часот – Африкански куп на нации, осминафинале)

Досега отпаднаа три фаворити за освојување на Афкон. Египет, Камерун и Мароко ќе чекаат шанса во следното издание, а сега е на ред Алжир да го обели одбразот. Иако Алжирците имаат поголеми шанси да се пласираат во четвртфиналето, во дуелите против Гвинеја не секогаш биле на победничката страна.

Досега овие две селекции се пресметале во седум наврати, поделиле по три победи и еднаш ремизираа. Гвинеја ја има запишано најголемата победа од 5-1, но тоа беше во далечната 1972 година. Последниот меѓусебен меч го одиграа пред две години кој припадна на Алжир со 2-1, но тоа беше само пријателски натпревар.

Предлог тип: 1X & T12+ (2.12)

 

Норкопинг – Хакен (15 часот – Прва лига Шведска, 14-то коло)

По првиот дел од сезоната во шведскиот шампионат, Норкопинг и Хакен се борат за местата кои водат во квалификациите за Лигата на Европа. Домаќините иако актуелни вицешампиони немаат поголеми шанси од противникот за трите бода. На табелата, Хакен е на петтото место со 24 бода, три повеќе од Норкопинг, а имаат и натпревар помалку.

Сепак, во полза на фудбалерите на Норкопинг се минатите меѓусебни средби. Тие имаат неприкосновена серија од осум последователни победи, од кои пет ги добиле со два или повеќе гола разлика. Освен последниот нивен дуел, на сите останати се постигнале најмалку два гола, така што се очекува уште еден ефикасен меч.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.0)

 

- Оглас -

Најнови вести