Македонија е на 55-тото место по извоз на фудбалери кои играат низ целиот свет, според 505-тиот неделен извештај на Фудбалската опсерваторија (CIES), која е со седиште во швајцарскиот град Нојшател и открива интересни трендови во европскиот и светскиот фудбал врз основа на статистика и факти.
Има 182-ца македонски фудбалери кои играат во странство, а статистиката се собира во последните шест години – од 2020 до 2025 година.
Апсолутен лидер по овој индикатор е Бразил, кој во последните 6 години произведе 3.020 играчи ширум светот. Втора е Франција со 2.293 фудбалери, а на третото место е светскиот шампион Аргентина со 2.171. Меѓу првите десет логично се вклучени сите големи земји, како што се: Англија (1.570), Шпанија (1.106), Германија (1.095), Колумбија (1.077), Нигерија (926), но и помалите земји од нашиот регион, како што се Србија (915) и Хрватска (855).
Пред Македонија, на ранг-листата се и Словачка (321), Грција (319), Словенија (254), Романија (197), Црна Гора (196), додека зад Македонија се земји како Белорусија (149), Исланд (126), Бугарија (123), Мароко (121), Албанија (117), Алжир (117), Турција (80), Египет (63), Луксембург (45)… На последното 100-то место е Бурунди со 13 играчи во странство.