Бразил нема да ја бојкотира Копа Америка, Тите објави дрим-тим за 10-та титула (Фото)

Бразилците ги разрешија сите дилеми и ќе играат на Копа Америка со моќен состав од 24-ца играчи. Селекторот Тите ги израдува сите симпатизери на Бразил со објавата дека 9-кратните прваци на Јужна Америка ќе настапат со ѕвездите Нејмар, Каземиро, Маркињос, Фирмино, голманите Алисон и Едерсон и уште дузина познати играчи.

Репрезентативците на Бразил се заканија дека нема да играат на Копа Америка иако се домаќини, но по соопштението, сепак ја повлекоа одлуката и ќе настапат на првенството на Јужна Америка од 13 јуни до 10 јули.

Интересно е што Бразил ќе го организира шампионатот откако се откажаа и Колумбија и Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести