Во јуни кога стана селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти на бразилските новинари на шега им рече не заборавајте дека јас сум Италијанец и им најави дека ќе се посвети големо внимание на одбраната.
Кариоките уште немаат примено гол под водство на Анчелоти, а ако не примат гол ни утревечер на гостувањето кај Боливија на надморска височина од 4.150 метри, првпат во историјата ќе се случи некој бразилски селектор да има четири „суви мрежи“ на првите четири меча на кои го водел тимот. Засега Анчелоти е на три.
„Модерниот фудбал е во рацете на напаѓачите. Ако напаѓачите работат, тимот се брани добро. Дефанзивната работа започнува со напаѓачите. Ова ја прави одбраната полесна и полесна за контрола“, вели Анчелоти за кого гостувањето во Ла Паз, Боливина е убаво искуство бидејќи никогаш не бил таму и првпат ќе види како изгледа да се игра фудбал на толку голема надморска висина.
Инаку, во Sport Life квотата за Бразил да не прими гол е фантастична, над 3.00.