Бразил немаше милост против Јужна Кореја, Нејмар е на чекор од рекордот на Пеле

Бразил без многу проблем со 5:1 ја победи Јужна Кореја во пријателски меч. Ричарлисон ги доведе Кариоките во водство, а Хванг израмни на 1:1. Сепак, пред крајот на првиот дел Нејмар даде гол од пенал за 2:1 за Бразил, а на почетокот на второто полувреме Нејмар погоди и по втор пат од белата точка.

До крајот на дуелот погодија и Кутињо и Жезус за 5:1. Нејмар со овие два погодоци стигна до бројката од 73 погодоци во националниот тим на Бразил и е на само четири погодоци од рекордот на легендарниот Пеле кој има дадено вкупно 77 погодоци за петкратниот светски првак.

Во останатите пријателски дуели САД со 3:0 го победи Мароко, Јапонија со 4:1 славеше над Парагвај, а Камбоџа со 2:1 беше подобра од Источен Тимор.

- Оглас -

Најнови вести