6841 Бразил – Хрватска (16.00 часот)
Бразил е голем фаворит и шансите на Хрватите да приредат изненадување не се баш добри, иако покажаа дека никогаш не смее да ги отпишете. Мечот ќе го суди судијата Оливер кој делеше правда и пред четири години кога последен пат се сретнаа овие селекции, тогаш на пријателски меч кој Бразил го доби со 2-0. Хрватска никогаш не го победила Бразил. Хрватите во Катар одиграа два меча без голови, а два меча со 3+ погодоци, додека Кариоките редовно даваат барем еден, а само еднаш примија гол.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.09)
1960 Самсунспор – Јени Малатијаспор (18.00 часот)
Домашните се борат за влез во турската Суперлига, и важат за фаворити. Самсунспор е втор на табелата, втор најефикасен тим се во лигата со 25 гола на 15 меча, а во последните пет кола освоија 13 бода. Малатијаспор е дури 17-ти со скромни 11 бода во 15 кола, не е во добра форма, освои само два бода во последните четири меча. Можеби гостите нема да загубат убедливо, но секако нема да освојат бод.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.77)
6851 Холандија – Аргентина (20.00 часот)
Можеби Холандија е благ аутсајдер во овој дуел, но не би било чудо ако ја елиминира Аргентина. Последниот пораз на Лалињата беше лани во јуни на ЕП, и тоа од Чешка. За разлика од Аргентина, Холандија нема пораз досега на СП во Катар, а и со Ван Гал како селектор, Холандија нема загубено во 90 минути на мундијалите. Пред осум години во полуфиналето на СП, Гаучосите победија на пенали откако после 120 минути немаше гол. Последните три меѓусебни дуели им завршуваа со 0-1 гол. Аргентина има серија од три меча по ред на кои дава по два гола, но никогаш не ја совладала Холандија во регуларни 90 минути.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)
8562 Олимпијакос – Виртус Болоња (20.00 часот)
После 11 меча во кошаркарската Евролига, Олимпијакос има биланс 7-4, а Виртус 4-7. Италијанците имаат три порази по ред, а еден од нив беше во Атина од Панатинаикос по продолжение. Предноста на Олимпијакос е домашниот терен, Пирејците сезонава дома ретко губат, а од болоњезите никогаш не биле совладани во „Мир и пријателство“.
Предлог тип: 1 & <156.5 (2.40)
8564 Басконија – Баерн (20.30 часот)
Баскијците се во горната половина на табелата со скор 6-5, додека Баварците се долу, но три од четирите победи сезонава им се во последните пет кола. Басконија дома загуби само еднаш. Баерн на последните четири гостувања во Евролигата, секогаш дава од 70 до 80 поени. Во минатата сезона Баерн победи во Виторија, тоа домашните сигурно не го заборавиле и ќе сакаат реванш.
Предлог тип: 1-1 (1.72)