Бразил под голем притисок, брка победа над Италија на Мундијалот

Бразил против Италија на Светско првенство е вистинска класика во фудбалот. Сепак, овојпат се работи за дуел на женските селекции на овие фудбалски велесили. Италија одлично започна на Мундијалот и има максимални шест бода по двете кола, со што сигурно си обезбеди место во нокаут-фазата.

Бразил е во ситуација да брка триумф. Кариоките важеа за големи фаворити во групата, но по победата на Јамајка, следеше кикс против Австралија. Бразил на тој меч со „кенгурите“ водеашесо 2:0, но на крајот загуби со 2:3.

Ако се гледаат меѓусебните дуели на Бразил и Италија, Јужноамериканките се фаворитки. Во трите претходни средби, Бразил има три победи со вкупна гол-разлика од 10 дадени и само два примени гола. Статистиката, традицијата, но и актуелната форма на двете селекции и фактот дека повеќе размислуваат на нападот, отколку на одбраната, најавува дека ова ќе биде интересен дуел со голови, а на крајот треба да се радуваат Бразилките.

Дуелот од Светското првенство започнува во 21 часот, а во Sport Life ја имате комплетната понуда за обложување не само за овој меч, туку за сите средби од Мундијалот. 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести