Бразил прв пат во историјата играше во црни дресови, а имаше и добра причина за тоа

Бразил без многу проблеми со 4:1 ја победи Гвинеја во пријателски меч одигран во Барселона. Петкратниот светски првак во првите половина час постигна два гола, а потоа Гвинеја намали на 1:2.

Во второто полувреме фаворитот постигна уште два гола преку Милитао и Винисиус Јуниор и на крајот стигна до убедлив триумф.

Овој меч ќе остане запамтен како прв на кој Бразил играше во црни дресови. Имаше причина зошто Кариоките не беа во своите препознатливи жолти дресови или во „гостинските“ сини.

Со црните дресови, Бразилците сакаа да покажа дека се цврсто застанати во борба против расизмот.

Токму нивната голема ѕвезда, Винисиус Јуниор неодамна беше цел на расни навреди во Шпанија и тоа на гостувањето на Реал Мадрид во Валенсија. Со овие црни дресови, најтрофејната фудбалска селекција во светот само покажа дека е против расизмот.

- Оглас -

Најнови вести