Репрезентацијата на Бразил забележа рутинска победа над Сенегал од 2-0 на пријателски меч кој се одигра во Лондон. Победникот беше решен во само седум минути, од 28-мата до 35-тата, кога „кариоките“ ги постигнаа двата гола.
Естевао во 28-мата минута го отвори резултатот, а Каземиро во 35-тата ги постави конечните 2-0.
За Карло Анчелоти ова беше четврта победа како селектор на Бразил во седумте меча, а има и два порази и едно реми. „Кариоките“ во вторник ќе одиграат и пријателски меч против Тунис во Франција.

