18.8 C
Skopje
вторник, 14 октомври 2025

Бразил тоне во просечност, првпат загуби од Јапонија, а водеше 2-0

Бразилската фудбалска репрезентација претрпе пораз на гостински терен од Јапонија во пријателски натпревар.

По првото полувреме, Бразилците водеа со 2-0, со голови на Пауло Енрике и Габриел Мартинели, но во второто полувреме Јапонците постигнаа три гола и го победија тимот на Карло Анчелоти, а по еден гол постигнаа Такуми Минамино, Кеито Накамура и Ајасе Уеда.

Ова е историска прва победа на Јапонија над Бразил во 14 меѓсебни натпревари. Пред ова, Јапонците загубија 11 пати од Бразил и двапати одиграа нерешено.

- Оглас -

Најнови вести