Бразил треба да се плаши, Колумбија две и пол години нема пораз!

Репрезентацијата на Колумбија со шест бода сигурно обезбеди место во ноакут-фазата на Копа Америка, додека Бразил теоретски уште не е сигурен. Токму овие две селекции ноќеска ќе играат меѓу себе во дербито од третото коло во Д групата, каде што теоретски шанси има и за Костарика.

Костарика игра против аутсајдерот Парагвај, но освен што треба да победи, треба да чека и пораз на Бразил со неколку гола разлика.

За Бразил ќе биде вистински предизвик дуелот против Колумбија бидејќи тоа е репрезентација која е во фантастична форма. Има 10 победи по ред, а е без пораз во последните 25 дуели што ги одигра (20 победи и само пет нерешени). Последен пат Колумбија загуби на 2 февруари 2022 година, што значи речиси две и пол години не знае за пораз.

- Оглас -

Најнови вести