Бразил воведува револуционерна промена за Светското првенство 2026

Фудбалскиот сојуз на Бразил планира да воведе револуционерна промена за настапот на Светското првенство во 2026 година. Кариоките ќе носат дресови од брендот „Џордан“, кој е под капата на американскиот производител „Најки“, но изненадување е бојата.

Резервната гарнитура на дресови ќе биде во црвена боја, нешто што никогаш претходно не се случило. Секако, целта е од маркетиншка природа и планот на Фудбалскиот сојуз на Бразил е да се зголеми бројот на продадени дресови.

- Оглас -

Најнови вести