Маркињос е новиот капитен на европскиот вицепрвак ПСЖ, потврди тренерот Томас Тухел. Бразилскиот репрезентативец кој може да игра како стопер и играч за врска ја доби одговорноста да ја носи капитенската лента откако претходно летово клубот го напушти Тијаго Силва.
Во изминатите шест сезони Силва беше капитен на Светците, а сега таа одговорност падна на неговиот наследник во екипата.
„Логично е Маркињос да ја носи капитенската лента. Долго време е во клубот и одамна има статус на клучен играч. Тој е многу важен за нашата екипа и редовно ја прави разликата кога е на теренот. Може да игра и во средината, но и како стопер, така што ми нуди повеќе решенија, што е фантастично од негова страна“, истакна Тухел.
Маркињос од 2013 година е член на францускиот првак, со кого освои 22 трофеи, меѓу кои шест се титули во Лига 1, воедно запиша повеќе од 280 настапи за гигантот од „Паркот на принцовите“.