Белорусија е единствената европска земја каде што сè уште се игра фудбал, а веќе го имаме и првиот бунтовник, и тоа Бразилец.
Ричард Данило Соуза, кој е член на Динамо Минск, во интервју за бразилски „Глобо“ изјави дека и белоруското првенство треба да се прекине.
„Никој не игра фудбал во Европа. Шпанија, Италија, Англија… најсилните лиги што губат многу пари, сепак одлучија дека здравјето на фудбалерите е поважно од фудбалот. Овде во Белорусија велат дека имаат договори со медиумите, но зарем тоа е важно. Нашите семејства се загрижени“, вели Данило.
Интересно е што договорот на Бразилецот со белгиски пасош со Динамо Минск завршува во јуни, односно за неполни три месеци, па белоруските медиуми велат дека нему не му е тешко да говори отворено бидејќи е на прагот да си замине.
Белорусите веќе одиграа три кола од новата сезона, а следната рунда е закажана за 10, 11 и 12. април.