Бразилецот брзо го изнервира Клоп – Ливерпул само по две недели бара чаре како да му го раскине договорот (Фото)

Артур Мело нема долго да остане во Ливерпул откако пред малку повеќе од две седмици, односно на први септември, се пресели кај 19-кратниот првак на Англија од Јувентус.

Мело, според информациите од Англија, брзо го изнервирал Јирген Клоп со својот однос, па сега се бара чаре како најлесно и најбезболно да се раскине договорот за позајмица што Ливерпул го има со Јувентус за Бразилецот.

https://twitter.com/ManuHeredia21/status/1570376004295704576?s=20&t=hWE7sL4yUoFMQ9nWKUSgXg

Артур, кој се надева дека ќе игра за Бразил на Мундијалот во Катар што ќе се одржи во ноември и декември годинава, дебитираше за Ливерпул на 7 септември против Наполи, во тешкиот пораз од 4:1 во меч од Лигата на шампионите.

Мело има 26 години и игра на позицијата фудбалер за врска, а Ливерпул плати сума од 4,5 милиони евра како дел од договорот за едногодишна позајмица од Јувентус и договорено е дека сумата за откуп на договорот би бил 37,5 милиони евра на крајот на идната сезона, но тоа нема да се случи.

Клоп бил изнервиран од ноншалантиот однос на Артур и инсистира да се најде начин тој да си замине од клубот, со најава дека не смета на него.

 

- Оглас -

Најнови вести