Бразилскиот репрезентативец и ѕвездата на Астон вила, Даглас Луис, брзо се созеде од раскинувањето со најатрактивната фудбалерка Алиша Леман, а неговата нова девојка повторно е поврзана со фудбалот. Луис и Леман неколку години беа најатрактивниот фудбалски пар, но потоа идилата заврши.
Леман откри дека е во врска со ријалити ѕвездата Монтела Мекензи, а сега и Луис ја промовира својата нова љубов. Играчот на Астон вила е во врска со младата 19-годишна Бразилка Дуда Гашпар, која е ќерка на легендата на Арсенал, Еду.
Douglas Luiz dating Arsenal legend’s daughter, 19, after Alisha Lehmann split https://t.co/scAQznN31w
— The Sun Dream Team (@dreamteamfc) March 12, 2026
Еду долго време го носеше дресот на Арсенал, а потоа работеше и во раководните структури на клубот. Моментално е глобален директор за фудбал на Нотингам форест.

