Бразилецот Калани Алмеида ново засилување на Работнички

Македонскиот прволигаш Работнички продолжува активно да се подготвува за настапите во квалификациите за Конференциската лига, како и за новата сезона во домашното првенство. Ново име во тимот од Дебар Маало е Бразилецот Калани Алмеида, кој потпиша двегодишен договор со клубот.

Калани Карилјо Дос Сантос Алмеида има 23 години и игра во нападот. Во Македонија доаѓа од Словенија, каде настапуваше за екипите на НК Горица и НК Томлин. Претходно, кариерата ја градел во својата татковина, играјќи за Атлетико-МГ (У20), Ботафого-ПБ, Маринга и други клубови.

Ова е третото засилување за Работнички летово, по ангажманот на голманот Васко Василев и напаѓачот Дашмир Елези.

- Оглас -

Најнови вести