Бразилецот кој почна како голман во Челзи, сега е опасен тепач во рингот

Рикардо Прасел е Бразилец кој сонуваше дека ќе има успешна голманска кариера. Стигна да биде и во тимот на Челзи, каде што беше трета опција на голот, кога на 22 години заработи тешка повреда и реши дека веќе нема да може да брани во посакуваната форма.

Бразилецот целосно се повлече од фудбалот, се запиша на факултет и почна да тренира и џиу-џицу. Успешно ја совлада оваа боречка вештина и набрзо започна во ММА. Кариерата му тргна во нагорна линија, а неодамна Бразилецот, кој има 31 година, го победи 10 години постариот Мајкл Кито. Рикардо сега има биланс од 12 победи и три порази.

Несудениот голман никогаш не заигра за првиот тим на Челзи, но на тренинзите често беше задолжен за да ги брани ударите од слободен удар на Дидие Дрогба и Михаел Балак, кои во тоа време беа главни ѕвезди на „Стемфорд бриџ“.

 

- Оглас -

Најнови вести