Бразилецот кој со Реал ќе игра за титулата во ЛШ вели дека Сити е најдобар тим на светот

Реал Мадрид в сабота на стадионот „Вембли“ ќе игра за својата 15-та титула европски шампион против Борусија Дортмунд, а напаѓач на Кралевите смета дека Манчестер сити е најдобриот тим на светот.

Реал Мадрид во нокаут-фазата во Лигата на шампионите беше подобар од Ред Бул Лајпциг (1:0,1:1), Манчестер сити (3:3,1:1, 4:3 на пенали) и Баерн Минхен (2:1,2:2), а Родриго вели дека Граѓаните биле подобри во нивниот двомеч.

„Треба да бидеме искрени, сите знаеме дека Сити беше подобар. Според мене, Манчестер сити е најдобар тим на светот, игра најдобар фудбал. Најтешките ривали ги оставивме зад себе, но тоа не значи дека ќе биде едноставно во финалето. Се намачивме против Баерн во полуфиналето, а верувам дека ќе биде така и против Борусија. Но, целта е позната, тоа е титула“, изјави Родриго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести