Бразилецот се жалеше дека Конте не му дава шанса, а кога ја доби – се повреди за само три минути

Тотенхем води со 1:0 по првото полувреме на гостувањето кај Саутемптон кое се игра во рамки на 28-то коло во Премиер лигата.

Натпреварот го одбележаа повредите на Ришарлисон и на Бела-Кочап и тоа по само осум минути игра. Бразилецот кој минатата недела се пожали во јавноста дека не ги разбира одлуките на тренерот Антонио Конте и не му дава шанса да игра во првиот тим, сега кога ја доби, веднаш се повреди. Ришарлисон по само три минути игра, се повреди и беше заменет со Дејан Кулушевски.

Четири минути подоцна, поради повреда теренот го напушти и еден од најдобрите играчи на Саутемптон, Армел Бела-Кочап. До крајот на првиот дел, тренерите на двата тима направија уште по една принудна измена, повторно поради повреди. Беднарек  беше заменет кај Саутемптон, додека Конте мораше да го извади од игра Бен Дејвис.

Тотенхем голот го постигна во првата минута од судиското продолжение и тоа преку Педро Поро.

На останатите три натпревари што се играат од 16 часот, е постигнат по еден гол во првото полувреме.

Астон Вила благодарение на голот на Даглас Луис во седмата минута, води со 1:0 против Борнмут, додека Лидс како гостин има предност во дуелот со Вулверхемптон. И тука голот беше постигнат на самиот почеток, во шестата минута и тоа преку Џек Харисон.

Водство по првите 45 минути има и Брентфорд кој пред своите гледачи игра против Лестер. Голот беше дело на Матијас Јенсен во 32-та минута.

 

- Оглас -

Најнови вести