Бразилецот со руски пасош покажа како „се гине“ за репрезентацијата (фото)

Русија тргна победнички во мундијалските квалификации, откако со 3-1 вчера славеше на гостувањето кај Малта. Еден од стрелците на головите беше бекот Марио Фернандес, кој зголеми на 2-0 во 35-тата минута. Бразилецот со руски пасош, по мечот покажа како „се гине“ за репрезентацијата.

Долгогодишниот член на ЦСКА Москва се здоби со крвава повреда во текот на натпреварот, по што настрада неговото колено од левата нога. Русија одамна ја смета за негова татковина, а вчера го забележа четвртиот гол за Зборнаја во вкупно 27 настапи од 2017 година наваму.

- Оглас -

Најнови вести