Бразилецот за првпат се огласи во јавноста откако е зад решетки поради обвинувањата за силување

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвес за првпат се огласи во јавноста откако се наоѓа во затвор во Барселона, од каде што го чека судење за силување на девојка во ноќен клуб.

Доколку биде прогласен за виновен, поранешниот фудбалер на Барселона го очекува затворска казна помеѓу шест и 12 години. Тој сега за првпат се огласи во јавноста, зборувајќи за обвинувањата за шпанска телевизија.

„Не знам дали има чиста совест, дали мирно спие. Но, јас ѝ простувам“, беа првите зборови на Алвес, кој се наоѓа во притвор од 23 јануари, откако 23-годишна девојка го обвини дека сексуално ја вознемирувал во тоалет во ноќен клуб во Барселона.

Фудбалерот емисијата ја искористи да ѝ се обрати на девојката која го обвини.

„Апелирам на твојата совест. Ниту една ноќ не сум спиел мирно. Но, совеста ми е чиста. Никогаш никого не сум повредил. Не ја повредив ниту неа. Одлучив да го дадам ова интервју за луѓето да дознаат што јас мислам. Сакате да ја слушнете приказната за тоа што доживеав тоа утро во тоалетот. Во јавноста се појави „страшна приказна“ за некаков страв и ужас која нема никаква врска со тоа што се случи или што јас сум го направил“.

Алвес потоа ја раскажа својата верзија на настанот.

„Влегов зад неа… Одев по неа. Не ја заклучив вратата, таа постојано беше отворена и јас цело време седев на тоалетот. Мислам дека некој ѝ дал лош совет. Дека му е лошо тоа што го направил и дека не знае како да се извлече од ситуацијата во која влегол и во која ме вклучи и мене“,рече Алвес.

- Оглас -

Најнови вести