Бразилката Керолај Чавес (21) објави дека заработката од објавување на разголени фотографии и видеа на интернет-страницата за возрасни Онлифанс ѝ се намалила за време на Светското првенство во Катар.
Таа се пожали дека мажите не плаќале за нејзините фотографии бидејќи гледале фудбал и се обложувале на натпреварите од СП во Катар, кое заврши со триумф на Аргентина.
„Нив повеќе ги интересира фудбалот отколку сексот. Многу повеќе пари даваат за обложување отколку што плаќаат за моите видеа и фотографии. Сега, кога заврши СП, ќе видиме дали ќе се вратат и ќе ги изберат жените пред мажите што трчаат по топка. Не навивав за никого, мојата најголема победа е што повторно ќе го добијам нивното внимание“, порача Чавес.