Бразилките го елиминираа светскиот првак Шпанија и ќе играат против САД во фудбалското финале на ЛОИ

Селекциите на Бразил и на Соединетите Американски Држави ќе играат во финалето на фудбалскиот турнир за дами на Олимписките игри во Париз. Бразилките го елиминираа светскиот првак Шпанија совладувајќи ги со 4-2 во вечерашната втора полуфинална пресметка.

Ирене Паредес во шестата минута си постигна автогол, а вториот гол за Бразил беше дело на Габи Портиљо во последните мигови од првиот дел. Адријана зголеми на 3-0, а првиот гол за Шпанија го постигна Салма Параљуело. Серијата ја затвориja Керолин и уште еднаш Параљуело во долгото судиско продолжение од дури 15 минути.

Селекцијата на САД по продолженија ја победи Германија со 1-0. Победничкиот гол го постигна Софија Смит во 95.минута од натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести