Бразилска врска во Лион – Жунињо спортски директор, Силвињо тренер

Лион од следната сезона ќе биде предводен од нов тренер, Силвињо е стратегот кој ја доби довербата од новиот спортски директор Жунињо Пернамбукано. Легендата на Лавовите по добивањето на новата функција инсистираше да му се даде шанса на неговиот поранешен колега од репрезентацијата.

Силвињо ќе го замени Бруно Женесио, кој ќе им обезбеди ново учество на Лион во Лигата на шампионите доколку викендов триумфираат над Каен во францускиот шампионат.

Поранешниот лев бек на Барселона и Арсенал, тренерската кариера ја градеше како асистент на тренерите во Крузеиро, Интер, како и во младинските селекции на Бразил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести