Бразилската полиција со солзавец прскаше немирни фудбалери (Видео)

По масовната тепачка на теренот по завршувањето на меч помеѓу бразилските клубови Атлетико Гојаненсе и Вила Нова, полицијата со употреба на солзавец ги раздвојуваше тепачите, па лекарите мораа да помагаат на тревникот.

Полицијата низ светот употребувала педреци, водени топови и солзавци за да смири маса разулавени навивачи, но не се памети случај да се прска со солзавец по професионални фудбалери на терен.

Во Лигата Гојано од сојузната држава Гојас, Атлетико по пет години дојде до финалето. Првиот меч заврши 1-1, а реваншот 1-0. Тепачката ја предизвикаа играчите и стручните штабови, па полицијата на необичен начин реши да ги доведе до послушност.

- Оглас -

Најнови вести