32.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Бразилски гигант сакал да го доведе Роналдо, но Португалецот имал 20 пати поголеми причини зошто се решил за Ал Наср

Кристијано Роналдо се подготвува за дебито во својот нов клуб Ал Наср во Саудиска Арабија, каде пристигна како слободен играч по раскинот на договорот со Манчестер јунајтед.

Пред да биде официјализиран договорот со Ал Наср, постоеја клубови од целиот свет кои сакаа да го доведат Роналдо. Еден од тие клубови е и бразилскиот гигант Коринтијанс.

„Неколку пати имавме разговори со неговиот агент Жорге Мендеш. Знаевме дека има понуди и од Европа и од Саудиска Арабија, но ние како Коринтијанс секогаш се стремиме да ги доведеме најдобрите во светот. Сепак, понудата која ја доби од Саудиска Арабија беше 20 пати поголема од нашата“, открива претседателот на Коринтијанс, Дуилио Монтеиро Алвес.

Петкратниот освојувач на Златната топка во Ал Наср потпиша две и пол годишен договор вреден 500 милиони евра, што значи дека по сезона ќе заработува неверојатно 200 милиони евра. Понудата од Коринтијанс била 10 милиони евра по сезона.

https://twitter.com/i/status/1611403604035833858

- Оглас -

Најнови вести