Бразилски судија се молеше и крстеше пред мониторот за ВАР (Видео)

Бразилскиот судија Рикардо Маркеш Рибеиро пред почетокот на натпреварот помеѓу Сао Пауло и Фламенго направи еден гест кој досега не беше виден. Тој одлучи пред натпреварот, својот ритуал на прекрстување да го направи пред мониторот на којшто треба да ги гледа евентуалните спорни ситуации.

Видеотехнологијата, ВАР системот кој треба да помогне во поправање на евентуалните грешки и точна проценка на спорни ситуации е новина во пошироки рамки во светскиот фудбал која се воведе и рашири минатата година, па затоа и судијата Рибеиро пред мониторот ги затвори очите и си посака да нема грешки за време на дербито во Рио, па на крај се прекрсти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести