Бразилскиот 17-годишен феномен Каики потпиша за Манчестер сити (Видео)

Бразилецот Каики кој има 17 години, е нов член на Манчестер сити. Граѓаните го договорија трансферот, а потписот ќе биде ставен кога Каики ќе наполни 18 години. До крајот на сезонава, Каики останува во Флуминенсе, а потоа се сели во Европа.

Каики на сениорски меч дебитираше во март, а се шпекулира дека Сити платил 10 милиони евра, плус многу бонуси.

Пред околу две недели, светот го запозна крилниот напаѓач Каики со феноменалниот гол против Нова Игуасу кога во стилот на Марадона и Меси, издрибла неколку противници и со лева нога даде гол.

https://www.youtube.com/watch?v=gNxZjlNS_vw

- Оглас -

Најнови вести