Бразилскиот гигант го „откачи“ Нејмар: Ние не сме болница

Помпезно беше најавувано доаѓањето на Нејмар во Ал Хилал пред една и пол година, а сега се најавува неславен крај на оваа соработка. Бразилецот потпиша двегодишен договор вреден неверојатни 300 милиони евра, но на терено беше на само шест натпревари. Останатиот период Нејмар е повреден, па затоа од Ал Хилал сакаат да го продадат во зимскиот преоден рок.

Шпекулациите беа дека бразилскиот гигант Палмеирас е прв на листата да го види Нејмар во своите редови, но претседателката на клубот, Леила Переира тоа го демантираше и буквално го понижи Нејмар со изјавата што ја даде.

„Нејмар нема да се прикличи на Палмеирас, нашиот клуб не е болница. Сакам играч кој ќе може веднаш да се приклучи на тимот, кој ќе може уште утре веднаш да игра, да ги извршува задачите на тренерот. Нема да потпишеме со играч кој не е подготвен за настап“, рече претседателката на Палмеирас, Леила.

Таа додаде дека откако е одговорна во клубот, а тоа е од 2021 година, политиката на на клубот е сменета. Најважно е да се има играчи кои ќе може да бидат корисни на теренот, а не да се доведуваат фудбалери кои имаат звучни имиња и би биле магнет за публиката.

Нејмар во Бразил има играно за тимот на Сантос, а потоа се пресели во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести