28.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Бразилскиот Меси дебитираше во Премиер лигата за бледиот Челзи

Челзи и Кристал Палас одиграа без голови во лондонската пресметка на еден од кандидатите за титула во Премиер лигата и тимот кој неодамна го освои трофејот во Комјунити шилд, англискиот Суперкуп.

Деби во дресот на Сините имаше Вилијан Естевао. Овој 18-годишен Бразилец кој има прекар Месињо (малиот Меси) имаше и добри и лоши потези, а доби и жолт картон за еден груб прекршок.

Најконтроверзен момент на мечот беше кога судиите го поништија голот од слободен удар на Кристал Палас. Објаснувањето е дека играч на Палас не држел дистанца од барем еден метар од живиот ѕид во моментот на шут. Многумина сметаат дека голот не требало да се поништи иако такви се официјалните правила. Потоа имаше слободен удар и за Челзи, а судијата не бараше играчите на Челзи да бидат на барем метар од ѕидот.

Нотингам форест со 3-1 беше подобар од Брентфорд. Сите три гола Шумарите ги постигнаа во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести