15.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Бразилскиот Роналдо не се согласува со португалскиот Роналдо: „Тој не е најдобриот во историјата“

Кристијано Роналдо имаше 80-минутно интервју со Морган Пирс во неговиот дом во Саудиска Арабија, но иако разговорот сè уште не е објавен, делови веќе се појавија во јавноста.

Португалецот во интервјуто изјавил дека е подобар од Лионел Меси и дека е најдобриот во историјата на фудбалот, но еден друг Роналдо, оној бразилскиот, не се согласува со него.

„Кристијано Роналдо вели дека тој е најдобриот во историјата? Некои луѓе имаат голема самодоверба. Јас повеќе сакам кога другите зборуваат за мене отколку јас самиот да го правам тоа. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата, но дали е и најдобриот? Не се согласувам. Го почитувам неговото мислење, секако дека е меѓу најдобрите во историјата, би рекол дека е меѓу најдобрите десет“, вели Роналдо Назарио.

- Оглас -

Најнови вести