Американскиот претседател Доналд Трамп при средбата со првиот човек на Бразил, Жаир Болсонаро, доби дрес од бразилскиот фудбалски национален тим со бројот 10 на грбот.
Медиумите се шегуваат дека Трамп е подготвен да игра за репрезентацијата на Бразил, а половина од работата е завршена, има дрес. Не само што доби бразилски дрес, туку го доби оној најважниот, со број 10. Десетката своевремено ја носеше Кралот на фудбалот, Пеле, а сега го носи најдобриот активен играч на Селесао, Нејмар.
За возврат, Трамп му подари на Болсонаро дрес од репрезентацијата на САД со бројот 19. Болсонаро од први јануари е претседател на Бразил и ова му е прво службено патување во странство откако ја презеде претседателската функција во најголемата јужноамериканска земја.