Бразилскиот клуб Шапекоенсе постигна договор со семејствата на загинатите фудбалери во авионската несреќа од ноември 2016 година. Во авионот кој се сруши загинаа 71 од 77 патници и членови на екипажот, меѓу кои беа и речиси комплетниот тим на Шапекоенсе. Од шестмината преживеани, тројца се фудбалери кои успеаја да ја преживеат оваа страшна трагедија.
Според договорот склучен на суд, Шапекоенсе во рок од една година ќе плаќа по 250.000 евра месечно, а следната година таа сума ќе биде зголемена на 350.000 долари на месечно ниво. Семејствата на загинатите се согласија на овој вид исплата, што секако е и олеснување за клубот кој испадна од бразилската елитна лига.
Семејствата на загинатите се обидуваат да добија отштета и од авионската компанија „Ламија“, која е виновна за несреќата затоа што по напрвената истрага, било утврдено дека авионот останал без гориво и тоа само на 10-тина километри пред да слета во колумбискиот град Меделин.