Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Купот на Шпанија и тоа откако по 120 минути игра ја победи Селта Виго со 5:2 на „Сантијаго Бернабеу“. По регуларните 90 минути беше 2:2, па Кралевите мораа во дополнителните 30 минути да го осигураат местото меѓу најдобрите осум во Купот.
Добро започна Реал и со головите на Мбапе во 37 минута и на Винисиус во 48 минута имаа комотна предност од 2:0. Сепак, Селта Виго не се предаде. Гостите одиграа фуриозни 10 минути во завршицата и постигнаа два гола.
Најпрво Бамба во 83 минута намали на 2:1, а во 90+1 минута беше досуден пенал за гостите кој го реализираше Алонсо за 2:2, што беше најава дека ќе има дополнителни 30 минути.
Во првите 15 минути од продолжението немаше погодоци, за да во последниот период се случи фуриозна игра на Реал Мадрид. Младиот 18-годишен Бразилец Ендрик е творецот на победата, откако погоди за 3:2 во 108 минута. Тогаш се распадна играта на Селта Виго, па до крајот на дуелот кралскиот клуб постигна уште два прекрасни гола.
Валверде со шут од далечина погоди за 4:2, а потоа повторно следуваше шоу на Ендрик кој постигна погодок со петица низ нозе на гостинскиот голман.
GOLAÇO DO ENDRICK!!! 👑⚪️
WHAT A TURN & SHOT TO GIVE REAL MADRID THE LEAD IN EXTRA TIME! 3-2! 🔥 pic.twitter.com/CK2jpUu5mv
— Ginga Bonito 🇧🇷 (@GingaBonitoHub) January 16, 2025
Потоа бомба на Валверде