Бразилскиот тандем Силва и Сержињо беа прецизни во второто полувреме за важна победа на јапонскиот тим Кашима против Персеполис, во првиот меч од финалето во азиската Лига на шампиони.
Силва погоди во 58. минута, а Сержињо реализираше 12 минути подоцна за триумф од 2:0 на домашниот тим. Кашима нема титула во ова натпреварување, исто како и Персеполис, екипа која ќе биде домаќин во завршната битка.
Реваншот ќе се игра на 10. ноември во Техеран. Најтрофеен клуб во азиската Лига на шампиони е корејскиот клуб Поханг стилерс со три трофеи, а по нив следат 11 екипи со по 2 круни, меѓу нив и големиот ривал на Персеполис, Естегал.