32.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Бразилците бесни: Срамота, игравме против 14-мина играчи, но и против судиите, децата што ги носеа топките…

Петкратнот светски првак Бразил заврши дури на петтото место во квалификациите за Светското првенство 2026 година. Во последното коло Бразил загуби на гости кај Боливија со 1:0. Со оваа победа Боливија стигна до седмото место на табелата и обезбеди место во баражот за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Поразот во Ла Паз, град кој е на 4.000 метри надморска височина, со голем револт го примија во селекцијата на Бразил. Посебно разочаран беше претседателот на Бразилската федерација, Самир Хауд.

„Игравме против 14-мина играчи. Она што се случи денес овде е тажно. Дојдовме да играме фудбал, а она што го видовме од моментот кога пристигнавме беше нечесна игра. На 4000 метри надморска височина игравме против судии, полиција, деца кои носеа топки. Зедовме топки од теренот и ставивме други внатре. Ова беше срамота“, рече Хауд.

 

- Оглас -

Најнови вести