Бразилците имаат добра причина да навиваат финалето на СП да биде решено на пенали

Аргентина и Франција в недела ќе играат во финалето на Светското пренство, по кое ќе се знае која репрезентација во следните четири години ќе го има приматот на планетарен владетел. Според актуелната состојба на ранг-листата на ФИФА, Аргентина и Франција се речиси израмнети по бројот на бодови, што е само потврда дека овие две селекции се многу израмнети во својот квалитет.

Франција е на второто место на ФИФА-листата со 1.823,46 бодови, додека Аргентина е веднаш зад нив само со 0,03 поени помалку, односно Гаучосите имаат 1.823,43 поени. Лидер на ФИФА-листата е Бразил со 1.841 бодови.

Според пресметките, победникот во финалето на СП ќе биде нов лидер на ФИФА-листата ако последниот меч на Мундијалот биде решен по 90 или 120 минути игра. Сепак, доколку во финалето има пенали, тоа ќе го искористи Бразил, кој ќе остане лидер на ФИФА-листата и по новото понеделничко рангирање.

Од учесниците на СП, Мароко треба да има одличен скок и од 21-вото место да дојде до 11-тата позиција, а ако успее да ја победи Хрватска во дуелот за трето место, африканската селекција може да влезе и во Топ 10.

- Оглас -

Најнови вести