Кошаркарската репрезентација на Бразил ја совлада Канада со 69:65 во првото коло од втората фаза на Светското првенство и внесе хаос во групата Л.
Денеска во истата група, Летонија приреди сензација и го совлада светскиот шампион Шпанија, по што сите четири репрезентации имаат идентичен скор, три победи и еден пораз.
В недела се среќаваат Шпанија – Канада и Бразил – Летонија, а победниците ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.
Човек на одлука беше Јаго до Сантош кој во последната минута од натпреварот постигна четири поени по ред со кои Бразил поведе со 64:60, а победата ја потврди Гуи Сантош со реализираните две слободни фрлања на 13 секунди до крајот по кои Кариоките дојдоа до плус шест (66:60).
Брубо Кабокло со 19 поени и 13 скокови беше најефикасен во редовите на Бразил, додека кај Канада се истакна Шеј Гилџес-Александер со 23 поени.